еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Без јавна расправа се „крчка“ нов Закон за данок на моторни возила

Министерство за финансии почнува со процес на подготовка на предлог на Закон за данок на моторни возила и за таа цел бара од сите засегнати страни да достават забелешки и сугестии околу новата законска метарија.

„Со новиот Закон за акцизите објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ од 28.05.2019 година, оданочувањето на патничките автомобили не е предмет на уредување на овој закон.

Од таа причина истото ќе се регулира со нов посебен Закон за данок на моторни возила. Имајќи ги предвид европските практики и препораките од странските експерти во оваа област данокот на моторните возила покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар.

На овој начин ќе се придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерд диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните“, пишува во известувањето од Министерството објавено на ЕНЕР.

Процесот на подготовка треба да заврши на 22. септември, а не е предвидена јавна расправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: ССК не гледа потреба од субвенции за набавка на „половни“ возила

Ќе има „тепачка“ за субвенции: Пари има за само 900 возила

Многу кандидати за субвенциите од 2,7 милиони евра: Дури 269.000 возила се постари од 18 години

Детален преглед: Какви субвенции се предвидуваат со измените на законот за возила?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Филмско“ убиство во Атина: Изрешетан познат грчки новинар

Редакција

Од 15 октомври на МРТ1 нова тинејџерска серија “Тин камп“, спин-офф на „Дајте музика“

Редакција

Учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата од двете земји: Во Скопје македонско-бугарски бизнис форум

Редакција