еМагазин
Image default
Локално

Безбедни на планините во Охрдискиот регион: 13 112 е нов број за СОС-повици

Воспоставувањето на телефонски број за СОС-повици (13 112), во случај на планинска несреќа е нов почеток за развојот на планинарството, како рекреативен спорт од една страна и развој на планинскиот и алтернативниот туризам како сериозна стопанска гранка од друга страна, пренесува meta.mk.

Воведувањето на СОС-бројот е суштински дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, и покрива пет општини, Охрид, Струга, Ресен, Дебрца и Вевчани, каде на повик, спасителната служба ќе одговори во разумно време.

Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков, кажа дека сите оние кои што сакаат да уживаат во убавините на планината сега ќе може тоа да го направат без да стравуваат за својата безбедност.

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски истакна дека Охрид може високо да се позиционира на светската туристичка мапа доколку туристички пулсира во текот на целата година.

Тој потенцира дека нема сериозен развој на планинскиот и алтернативниот туризам без зголемување на безбедноста при движење во планина, бидејќи бевме сведоци на неколку немили настани изминатите години на македонските планини.

„Мене ми е посебно задоволство што уште еднаш дечките од планинската спасителна служба поддржани од Црвениот Крст од Охрид се пионери во уште еден проект. Исто така пред околу месец и половина оставрив средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку и тие со во фаза на имплементација на еден единствен СОС-број којшто ќе ги интегрира сите итни служби во државата, со центар во Скопје и во осум градови во Македонија. Еден од тие градови ќе биде и Охрид“, кажа  Георгиевски.

Антонио Додески од спасувачката служба на планини при Црвен крст рече дека во тек се градежните работи и за оформување на Центарот за спасување на планина, каде ќе се сместени и тренинг центарот и оперативниот центар.

Додевски истакна дека при крај е изработката на студијата за финансиска одржливот на овој проект, како и и концептот за организациска поставеност на службата, кои треба да бидат готови за  еден месец.

Оваа пракса за прв пат се воспоставува во некој регион од државата е дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, кој го спроведува Црвен крст Охрид.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизарен случај во Скопје: Дедо нападнал старица бидејќи не сакала да ја продолжи врската

Редакција

Во битолскиот затвор му стигнала пратка со хероин и бубренофин

Редакција

Приведени лица и затворени угостителски објекти во Аеродром и Карпош кои работеле по дозволеното време

Редакција