еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Бигорски ги кани граѓаните на манастирска слава

Едно од најпознатите македонски христијански светилишта – Бигорскиот манастир упати јавна покана до граѓаните да присуствуваат на манастирската слава.

„Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата меѓу народот.

Затоа да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча.

Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви православни Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на својот најголем празник Усекновение, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна бигорска икона ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен.

И кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат! Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас!“ соопштија од манастирот.

Славата ќе трае два дена:

Вторник, 10 септември

18:30 ч. – Свечена архиерејска Вечерна богослужба

По завршетокот на вечерата, настап на Ансамблот „Македонија“ во манастирскиот двор

Среда, 11 септември

7:30 ч. – Утрена богослужба

8:45 ч. – Пречек на Митрополитот Повардарски, Неговото Високопреосвештенство, г. Агатангел

9:00 ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија

Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

69% од новите случаи со Ковид-19 се невакцинирани, од 468 хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани

Редакција

Проф. Трајковски: Преносливоста допрва ќе расте, а поради изминато време од вакцинацијата ќе опаѓа и имунитетот против заразување

Редакција

Проф. Трајковски: Лекувањето со конвалесцентна плазма дава добри резултати кај некои болести, но не и во случајот на Kовид-19

Редакција