еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бигорски го посетија околу пет илјади верници за Христовото Воскресение

Во познатото древно македонско светилиште Бигорскиот манастир на воскресна литургија присуствуваа околу пет илјади верници од сите делови на државава и од странство.

Големото присуство на верници само потврдува дека Бигорски останува духовен центар за поширокиот балкански регион.

Чувство на восхит посебно беше во мигот кога игуменот на манастирот Архмандрит Партениј ја соопшти радосната вест за Христовото Воскресение по што следуваше Вистина воскресе искажано од пет илјадите грла на верниците, а сето тоа испреплетено со звукот на камбаните кои одекнуваа надалеку низ Реканскиот крај и Мијачијата.

– Ви благодарам многу што сте во толкав број денес, за радост на Христа – нашето „вечно веселие“, за радост и на духовите на нашите отци, браќа и сестри кои живееле и се упокоиле крстовоскресно, најпосле и за радост на ангелските чинови на небесата, кои сега нѐ повикуваат, „со чисти срца“ да го славиме сесветлото Христово Воскресение, рече меѓу другото Архимандрит Партениј.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски им додели Орден за заслуги на седуммина уметници

Редакција

(Фото) AVON испишува ново поглавје во својата историја и го лансира новиот мирис Her Story како признание за секоја жена

Редакција

Тетово доби Роса школа за доење – донација од Пивара Скопје и Министерството за здравство

Редакција