еМагазин
Image default
Локално

Бигорски манастир ќе добие нов гостински конак

Новиот објект ќе се гради на постоечкиот манастирски паркинг, пред долната порта и ќе располага со 70-тина легла. Чинот на осветување го изврши Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и епископот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

„На овој голем празничен настан, св. Партениј Лампсакиски, што се совпаѓа со именденот на нашиот старец, Архимандрит Партениј, присуствуваше и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и претстваници на општина Маврово и Ростуше, полициската станица од Ростуше и Националниот парк „Маврово”“,соопштија од Бигорскиот манастир.

На божествената архиерејска Литургија што се одржа во манастирската црква, присуствуваа над илјада верници од сите краишта на земјата, кои дојдоа да му го честитаат именденот на отец Партениј.

Овој проект на Виадукт Скопје, додаваат од Бигорскиот манастир, ќе го реализира фирмата „Агноандика“ со изведувачот Рединг ДООЕЛ Скопје.

Фото: Фејсбук/Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билет за едно возење со автобус низ Тетово ќе чини 20 денари, бесплатно за лицата со попреченост

Редакција

Тажна вест: Полицаецот од Делчево по кој се трагаше пронајден починат

Редакција

Насилник нападнал и пукал кон момче од скопско Кучевиште

Редакција