еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Билатерални канцеларии за зближување на младите луѓе од земјава и од Грција

Младите луѓе од Македонија и Грција споделуваат заеднички проблеми како што е високиот процент младинска невработеност. Отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу младите од двете држави, ќе помогне преку користење на моделот на Франција и Германија, тие да работат на зближување и надминување на стереотипите и предрасудите кои што постојат во двете општетства.

Ова беше истакнато на иницијалнииот состанок за формирање билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу двете соседни земји, проект што го спроведуваат Младински сојуз Крушево и УНЕСКО Младински клуб од Солун.

Методија Стојчески од Младински сојуз Крушево кој е координатор на проектот за воспоставување на канцеларии за младинска соработка помеѓу нашата земја и Грција, истакна дека целата идеја започнала уште во 2009 година во атмосфера на брзо растечки национализам и нетрпеливост од двете страни на границата, кога започнале соработка со партнерите од Грција како граѓански активисти за да се намали таа тензија.

Охрабрени од резултатите на таа соработка, се зафатиле и со отворањето на билатералните канцеларии за младинска соработка.

Според него, младите луѓе сакаат да работат на заеднички проблеми со кои се среќаваат во секојдневниот живот, бидејќи тогаш тие се поврзуваат.

-Пример процентот на младинска невработеност во северна Грција е највисок во целата ЕУ. Исто така процентот на младинска невработеност во пограничниот регион кај нас е многу висок. Така што кога разговараат за бизнисите и за можностите како да ја искористат прекуграничната соработка да креираат нови работни места и да работат на младинската невработеност, тоа е многу добро поле за соработка.

Или младинското учество каде што многу тешко до институциите допираат младите од двете страни на границата. Кога зборуваат за заеднички акции или преземање модели на активизам, тогаш наидуваат на широко поле и интерес за соработка, вели Стојчески.

Бабис Папајоану од партнескиот УНЕСКО Младински клуб од Солун, кој е координатор на проектот од грчка страна, потрди дека дека идејата зад оваа соработка е стара и доаѓа по екстензивна дебата меѓу младите од двете земји и спроведени заеднички активности.

-За жал живееме во делот од Европа каде младите луѓе се соочуваат со многу проблеми и тоа е она што не обединува. Проблемите се социјални, економски, но најважно да се разбере за двете земји, особено за младите од Северна Македонија е дека тие се дел од Европа и дека треба да се однесуваат и да делуваат како европски граѓани.

Затоа со оваа иницијатива носиме и европски инструменти и очекуваме позитивни реакции од младите луѓе и од граѓанското општество. Градењето на овие мостови, на оваа соработка е поддршка не само меѓу младите туку и за нашите владите, вели Папајоану.

Отворањето на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Македонија и Република Грција како производ и дел од Акцискиот план за спроведување на Преспанскиот договор, денеска го поздравија и претседателот Стево Пендаровски, амбасадорите на Грција, САД и на Германија, и пратеници во парламентите на двете земји.

Следниот состанок ќе се одржи летово, во Грција со учество на млади од двете земји.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска во Косово и Албанија со лични карти и меѓусебно признавање на стручните дипломи

Редакција

Многу успешен разговор со Заев и Рама во пресрет на Форумот во Скопје на 29 јули, оцени Вучиќ

Редакција

(Видео) Македонските и косовските полицајци вежбаа „Потера“ по тешки криминалци

Редакција