еМагазин
Image default
Балкан

„Билд“ објави нови „бомби“, се слуша и гласот на премиерот Еди Рама

Германскиот весник „Билд“ објави нови прислушувани разговори во кои се слуша гласот на премиерот Еди Рама, поранешниот министер за економија, Дамиан Ѓикнури, директорот на Министерството за внатрешни работи, Арбен Кеши и други функцонери од социјалистичка партија.

Во сите нив се слуша како се договараат закани, купувања и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја, кој се наоѓа на 23 километри од албанско-македонската граница кај Дебар.

– Прислушуваните разговори се од досијето 184 кое три години останало во фиоките на албанското обвинителството со кои се открива шокантна евиденција – пишува новинарот Питер Тиде.

Иако според законот во Албанија на функцонер од јавната админстрација му е забрането учество во изборна кампања или избор за некоја политичка партија во една, од 16-те новообјавени снимки, премиерот Рама во телефонски разговор со Кеши, на денот на изборите инсистира дали ги реализирал поставените цели, на што тој потврдно одговара.

И во останатите снимки, функцонери на СП, бараат купување и манипулација на гласовте.

Експресно по објавувањето на снмките Обвинителството за тешки кривчни дела најави истрага за тоа кој ги извадил снимките од досијето.

-Обвинителството за тешки кривични дела внимателно ја следи создадената ситуацијата без преседан што сериозно влијаела врз имиџот на албанското обвинителство, а е направено со флагрантно кршење на законот, соопшти обвинителството.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Сериозен инцидент: Демонстранти го нападнаа возилото на албанскиот премиер Еди Рама

Новинарот на „Билд“ кој ги објави „бомбите“ за Еди Рама, вели дека тоа што е објавено е многу малку

Рама за „бомбите“: Тоа е кал што опозицијата ја фрла врз Албанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данас: Чуден напад на Вулин врз Стево Пендаровски

Редакција

(Видео) Потоп во Сплит: Силно невреме ја зафати Далмација, улиците под вода, подруми и автомобили поплавени

Редакција

Вучиќ: Ова е напад на целата земја и терористички чин, следуваат нови мерки за носење оружје и поостри казни

Редакција