еМагазин
Image default
Спорт

Билетите за ОК Вардар – Шутова во продажба

На 17-ти Март 2019 со почеток од 18 часот во Спортската сала “Градски Парк” во Скопје, тимот на Одбојкарскиот клуб Вардар ќе ги одмери силите со Шутова.

Тие ги повикуваат сите љубители на спортот да ги поддржат младите и идни надежи на македонската одбојка за да ги охрабрат да дојдат до победа и да се доближат скалило погоре до освојување на шампионската титула.

Од ОК Вардар истакнуваат, „Даваме сѐ од себе на теренот и надвор од него, борејќи се со секој скок и чекор. Се надеваме дека таа наша борба ќе ја видат што поголем број на луѓе, посебно оваа недела.“

Според нив време е за нови победи и успеси.

Заинтересираните можат да ги купат своите билети онлајн на mktickets.mk за симболична сума од 50 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврто издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

Редакција

(Фото) Кој ќе ја преставува Македонија на зимската Олимпијада во Пекинг

Редакција

(ВИДЕО) Австрискиот фудбалер Арнаутовиќ по навредливите зборови кон Алиоски се извини и на македонски и на албански

Редакција