еМагазин
Image default
Бизнис

БИМ од Свети Николе за девет месеци со добивка од 20,2 милиони денари

БИМ АД Свети Николе за периодот јануари – септември 2019 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Во периодот од 01.01 до 30.09 2019 година БИМ АД Свети Николе оствари нето добивка од 20.294.000 денари.

За деветте месеци остварен е приход од продажба во износ од 315.396.000 денари. По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 49,24 %, додека од странскиот пазар со 50,76 %.

Оперативните расходите за првите девет месеци од оваа година изнесуваат 290.416.000 денари и се поголеми во однос на истиот период од претходната година. Најголемо учество во вкупните трошоци имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 243.762.000 денари“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Standard and Poor’s“: Успешно решение за името би било „бинго“ за Македонија

Редакција

Под истрага фирма која ја чисти Владата и министерства

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: Лидл купи земјиште и во Кавадарци

Редакција