еМагазин
Image default
Бизнис

БИМ Свети Николе со добивка

БИМ АД Свети Николе за периодот   јануари – јуни 2018 година оствари позитивен финансиски резултат, нето добивка по оданочување во износ од 19.167.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„За првите шест месеци од 2018 година остварен е приход од продажба во износ од 167.309.000 денари.По структура на застапеност, приходите од домашен пазар учествуваат со 65,92 %, додека од странскиот пазар со 34,08 %. Приходите од продажба на домашен пазар бележат пад од 6 % во споредба со истиот период од 2017 година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат зголемување за 6% во споредба со 2017 година.

Оперативните расходите за првите шест месеци од оваа година изнесуваат 149.814.000 денари и бележат зголемување за 2% во однос на истиот период од 2017 година. Најголемо учество во расходите имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 122.170.000 денари„, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фива ДДФ“ го доби тендерот на општина Аеродром за набавка на училишна облека вреден 178.000 евра

Редакција

Општините лани потрошиле 40% помалку пари за украсување за Нова Година

Редакција

ЕСМ склучи договор со „Озонвеј“ вреден 3,5 милиони евра

Редакција