еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Биологот Мицевски во студија за гасоводот на Водно, без да знае

Сосема случајно, биологот Бранко Мицевски преку разговор со познаник дознал дека е вметнат како „соработник“ во Студија за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за делница за гасоводот, чија траса е планирано да минува низ Водно, пишува „Радио МОФ“.

Мицевски е затекнат и револтиран од ситуацијата. За Радио МОФ тврди дека воопшто ниту бил консултиран, ниту имал некаков договор за учество во Студија за делницата 5 Скопје – Гостивар – Кичево, изработена од „Технолаб“ во 2011 година, а по нарачка на Министерството за транспорт и врски.

„Воопшто не сум бил вклучен! Ниту ме контактирале, ниту имале право да го стават моето име во листата. Со ‘Технолаб’ сум немал никаков виз-а-ви контакт. Ова е веќе легален проблем“, вели професорот од Природно-математичкиот факултет.

Ако се погледне документот, таму пишува дека одговорен експерт е Магдалена Трајковска Трпевска, генералниот менаџер на „Технолаб“. Понатаму, раководител на тимот за изработка на Студијата е Љубомир Ивановски, а Мицевски е впишан во листа заедно со Ана Петровска, Митко Караделев, Андријана Велјаноска, Марјан Ѓуровски и Бранкица Костова.

Мицевски се присетува дека некаде во 2010 година, имал договор со фирмата „Простор“ за изработка на состојба на биодиверзитет на потегот од Клечовце до Неготино. Меѓутоа, вели тој, се работи за сосема различен проект.

„Ова што го зборите е друга делница. Мојот дел за биодиверзитетот, отпосле е ставен во таа Студија за гасоводот од Клечовце – Неготино. Но, тоа кога го правев, не се знаеше кој ќе ја изработува Оценката за влијание, дали ‘Технолаб’, или некој друг… Сега, воопшто не знам како изгледа Студијата (Скопје – Гостивар – Кичево н.з.) за која зборувате, што содржи, и што точно направиле“, потенцира Мицевски.

Целиот текст на Радио МОФ прочитајте го ОВДЕ.

Извор: Радио МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Енергетската криза го зголемува аерозагадувањето во урбаните средини, за кои до лани не беше карактеристично

Редакција

(ФОТО) Ѓубре колку сакаш на Шар Планина

Редакција

На локациите на „Макпетрол“ од 1 декември пластичните ќеси нема да бидат достапни

Редакција