еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бизнис што „цвета“: Плантажи со марихуана ќе никнат и во Кривогаштани

Владата на последната седница ја разгледала информацијата за исполнетост на условите на друштвото за производство, трговија и услуги „Еуромедикус“ ДОО Кривогаштани за вршење на дејност одгледување на канабис за медицински цели.

Според најавите од инвеститорите, станува збор за македонско-бугарска инвестиција со која се предвидува одгледување марихуана под оранжерии на површина од 6,5 хектари и отварање 25 работни места.

Откако Владата дозволи одгледување канабис за медицинска употреба се чини дека ова стана еден од најперспективните бизниси во земјава со оглед на тоа што за многу кратко време петнаесетина компании почнаа со оранжериско производство на ова лековито растение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела листа: Кои компании во Македонија влегоа во бизнисот со марихуана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Редакција

Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322

Редакција

Македонија на 108. место во светот по воена сила

Редакција