еМагазин
Image default
Македонија

Бизнисменот Цветан Панделески ја демантира Стефанова: Немам грчка лична карта и имот во странство

Бизнисменот Цветан Панделески реагира на сведочењето за случајот “Рекет“ на обвинителката Лиле Стефанова, на кое таа рече дека тој има грчка лична карта и имот во странство.

“Јас Цветан Панделески, немам никаква друга лична карта освен македонска, немам никакво друго државјанство освен македонско, немам никаков друг пасош освен македонски, немам никаков имот во државите од соседството или било која друга подалечна држава.

Јас сум сериозен и долгогодишен почитуван и признат бизнисмен во Македонија. 30 години наназад сум дел од македонското стопанство, една од најтешките гранки за работа и развој во нашата држава.

Со моето знаење, со години наназад се борам македонското земјоделство, работиците, компаниите кои што се тесно поврзани со мене, бидат рамо до рамо со светските трендови и технологии.

Многубројните награди и признанија, се потврда за мојот успех кој што е признат и овде, но и надвор од границите на Република Македонија.

Компаниите со кои што раководам или пак се во сопственост на семејството Панделески, се едни од најуспешните во нашата држава но прифатени и признаени и во земјите од регионот, Европа, САД, Австралија.

Ниту една македонска компанија со која што управувам, досега не завршила под стечај. Од друга страна, семејните вредности кои што ги негувам и желбата и покрај сите падови да останам и работам во и за Македонија, во никој случај нема да дозволам да го наруши изјава од сведок со веќе нарушен и интегритет и углед. За постапките секој сам одговара“, вели Панделески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнисменот Цветан Панделески има грчка лична карта, откри на судењето за „Рекет“, Стефанова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 35 заболени од корона вирусот: Уште четворица нови пациенти од Скопје

Редакција

Фатмир Скендер го помина собранискиот филтер за да биде избран за уставен судија

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција