еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бизнисменот Кочан во болница, побарал ново одложување на издржувањето на затворската казна

Бизнисменот Сеад Кочан, кој за случајот „Труст“, на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е осуден на четири години и осум месеци затвор, доставил ново барање за одлагање на издржувањето на казната, поради здравствени причини.

– Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со издржувањето на казната затвор на еден од правосилно осудените лица во предметот 1459/17 од Обвинителството означен како „Труст“, информираме дека до надлежниот судија за извршување санкции доставено е ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор по кое барање Судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето, информираат денеска од Кривичниот суд во Скопје.

По добивање на неопходната документација, посочуваат од Кривиниот суд, надлежниот судија дополително ќе одлучи дали барањето ќе биде разгледано и по него ќе се одлучува или тоа ќе биде отфрлено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кочан ѕвонел в затвор, никој не му кревал…“: Твитер реакции зошто бизнисменот се уште не е во Идризово

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Одбиено и второто барање на Кочан за одложување на затворската казна

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казна од 33 милиони евра за дивоградба на Миконос

Редакција

„Заедно ќе успееме, нема да постапуваме со емоции, во контакт сме со ЕУ, САД и НАТО,“ им порача Ахмети на своите сопартијци

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти, а вкупно се лекуваaт 283

Редакција