еМагазин
Image default
Македонија

Бизнисменот Љупчо Палевски приведен во Белград на пат за Москва

Бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо вчера е приведен од полицијата во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва, објави „360 степени“ .

Палевски е приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска и во моментов е во екстрадиционен притвор.

Информацијата за „360 степени“ ја потврдил неговиот адвокат Васко Стојков, кој вели дека во моментот на приведувањето Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде според него, требало да склучи бизнис зделка.

Стојков изјавил дека Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска и оти хрватските власти го бараат Палевски за долг на негова фирма од 2,5 илјади евра. Според адвокатот Палевски, никогаш не примил покана на адресата во Македонија за да се појави пред хрватските правосудни органи.

-Уште почудно е што според информациите со кои располагам, потерницата датира од 2015 година. Палевски во изминатите години непречено патуваше во многу држави, вели Стојков.

Палевски има кривична пријава затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Глас за Македонија“: Ако се докаже дека кај Палевски постои кривична одговорност, нема да застанеме во негова одбрана

Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на Палевски

Фото: Фејсбук Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште

Редакција

Кривична за возачот на министерот Бесими

Редакција

Адвокатот Дуковски: Бојан Јовановски почна да повраќа и колабираше, не беше котактибилен

Редакција