еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бизнисменот Велија Рамковски се враќа во форма: Ги врати Хедис маркетите, најавува и враќање на телевизијата А1

Бизнисменот Велија Рамковски кој деновиве објави неколку видеа на сопствен канал на You tube, во кои зборуваше меѓудругото и за поранешната телевизија А1, за емисијата „Стадион“ на Радио Канал77 најавува обвнова на некогаш најгледаната телевизија, но во поинаква мултимедијална форма.

„И по толку години, гледачите не заборавија на А1, која и денес е неопходна. На А1 рекламите чинеа 25 евра по секунда, сега највисоката цена е едно евро. Тоа враќање би било во друга форма. Сега со техничко-технолошките промени, интернетот, социјалните мрежи, кабелските мрежи, може и полесно да се стигне до новите гледачи.

Луѓе секако ќе има – и од старата екипа и нови, млади. Мислам дека и пари, кои јас лично ги немам, ќе се најдат, има заинтересирани“, вели Рамковски за Канал77.

Ги врати Хедис маркетите

Како што пишуваше пред извесен период еМагазин, откако Рамковски во август 2017 година привремено, за да се лекува, излезе од затвор, ги врати и Хедис маркетите, по кои исто така беше препознатлив.

Тој беше и сопственик на весниците „Шпиц“, „Време“ и Коха е Ре“, како и на неколку други фирми и бизниси.

Во судскиот процес „Пајажина“ во март 2012 година доби затворска казна за затајување данок од 13 години.

Која беше А1?

А1 телевизија доби национална концесија во 2001 година, а почна да зрачи во етерот неколку години порано.

Престана да емитува програма на 30 јули 2011 година по одлука на Агенцијата за електронски комуникации, откако за компанијата А1 телевизија ДООЕЛ – Скопје беше отворена стечајна постапка, а Рамковски, неговата ќерка Емел и неколку негови соработници, завршија во затвор за затајување на данок.

Неговиот син Хедис побегна од Македонија.

Од јули 2008 година во рамките на А1 телевизија беше основана и А2 телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Велија Рамковски стана јутјубер

(Видео) Велија Рамковски подготвува емисија во која се појавува лично тој

Фото: Рамковски/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасени четири лица, меѓу кои и дете, кои залутале во клисурата на Пчиња

Редакција

Најмладото на 47 години: Од Ковид-19 починале 17 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Почната е исплатата на платите на здравствените работници, велат од Фондот за здравствено осигурувње

Редакција