еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Black Friday” шопинг изненадување со American Express

Силк Роуд Банка АД Скопје за корисниците на American Express картичките подготви вистинско шопинг изненадување по повод претстојниот ден на шопингот “Black Friday”.

За прв пат во Македонија, единствено корисниците на American Express картичките со секоја трансакција направена на ПОС терминал во продавниците на Zara, Massimo Dutti, Stradivarius, Bershka и Pull & Bear во Скопје добиваат 15% поврат на средствата од износот на направената трансакција со некоја од картичките.

Повратот на средствата се однесува за сите артикли во продавниците, без ограничување и без разлика дали истите се веќе на попуст или не.

За шопинг искуството да е уште поголемо, од банката известуваат дека “Black Friday” изненадувањето и лудилото со Аmerican Express започнува овој петок (23.11.2018 година) и ќе трае се до 30.11.2018 година.

Силк Роуд Банка АД Скопје е единствен и ексклузивен издавач во Македонија на American Express картичките (American Express Point дебитна картичка и American Express Green и Gold кредитни картички).

Доколку сеуште немате аплицирано за Аmerican Express картичка, истото можете да го сторите во експозитурите на банката, на веб страницата www.silkroadbank.mk или на телефонските броеви 02/3203 555 или 02/3289 477.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жителите на Рамни Габер го заклучиле објектот каде што требало да се гласа

Редакција

Јелена Јованова во првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Редакција

Браво: Наставничката од битолско Трново руинираната училница ја претвори во бајка

Редакција