еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Блерим Беџети отворено го обвини премиерот Заев дека барал да влијае врз членови на Судскиот совет

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети денеска изјави дека Државната комисија за спречување корупција покренала постапка против него, затоа што го одбил барањето на премиерот Зоран Заев „да влијае на членови на Судскиот совет за да биде сменет претседател на еден суд“.

Тој тврди дека на 17 јули премиерот ми се јавил и побарал од него да влијае на одредени членови на Судскиот совет за да гласаат за разрешување на претседател на еден суд во државава.

„Јас му укажав дека тоа не можам да го сторам и му реков дека од мое лично искуство не е добро и тој да се занимава со такви работи“, изјави Беџети на прес-конференција.

Тој нагласи дека две недели подоцна Антикорупциската комисија во, според него, нестандардна процедура во споредба со нивниот начин за работење, набрзина покренала постапка против него.

„Затоа сметам дека и оваа комисија се впуштила во дневно политички манипулации и злоупотреба на службената положба. Кривичните пријави против членовите на Антикорупциска кои гласале за вакво нешто ми се подготвени“, истакна Беџети, додавајќи дека е сигурен оти Државната комисија за спречување корупција покренала постапка против него поради тоа што одбил да им каже на членовите на Судскиот совет како да гласаат.

ДКСК покрена постапка за дивоградбите на Матка и најави кривична пријава за Беџети.

МИА/Фото:Фејсбук/Беџети

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фиока или епилог: Кривичната пријава за Блерим Беџети тест за судството и за Владата

Антикорупциска бара кривична одговорност од градоначалникот на Сарај, Беџети за платформата на Матка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: „Поштенска банка“ нова истрага на СЈО, кој е осомничен?

Редакција

Ременски и сопругот ќе се приклучат кон тужбата на Заев, Димитров и Шекеринска

Редакција

Владата воведува данок на штедење во износ од 15 отсто

Никола Осило