еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Блерим Река, кандидатот за претседател на Македонија, стана министер во новата косовска влада

Поранешниот кандидат за претседател на Македонија, професорот по меѓународно право, Блерим Река и официјално стана министер во соседно Косово.

Тој ќе биде министер за евроинтеграции.

Река има дипломирано на Правниот факултет при универзитетот во Приштина, а докторирал на универзитетот во Грац.

Во периодот од 2006 до 2010 година беше македонски амбасадор во Европската Унија.

Река беше декан на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот на Југоисточна Европа, како и проректор на истиот Универзитет.

На претседателските избори поднесе кандидатура како независен кандидат, а потоа доби поддршка од Алијанса за Албанците и Движење Беса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово доби влада: Албин Курти е новиот премиер

Фото: Фејсбук/Река

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкараз го освои Вимблдон победувајќи го Ѓоковиќ

Редакција

Тендер тежок 40 милиони денари: Кој ќе ги осигура вработените во МВР?

Редакција

Чаир има над 400 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопски општини

Редакција