еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Блерим Река професионално: Од амбасадор до кандидат за претседател на државата

еМагазин во серијал професионално Ви ги преставува кандидатите за претседател на државата.

Кој е Блерим Река

Професорот Блерим Река е кандидат за претседател на држвата кој доби подршка од Алијансата за Албанците и Беса.

Основното и средното училиште го заврши во Скопје, а дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина.

Докторирал на смерот – меѓународно јавно право, во заедничка докторска програма на Универзитетот во Приштина и Универзитетот во Грац.

Специјализирал “Global Goverance” на Универзитетот Харвард (John F. Kennedy School of Government) и бил fulbright професор во САД, (University of South California Los Angeles).

Предавал на правните факултети на универзитетите во Болоња, Калабриа, Гент, Лувен, Грац, Универзитетот на Јужна Флорида – USFSP, Универзитетот на Јужна Калифорнија…

Предавал и на Факутетот за политички науки на Универзитетот во Приштина, и на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Неговиот матичен е Универзитетот за Југо-источна Европа, каде што е редовен професор (по меѓународно јавно право, меѓународни односи и правото на ЕУ), каде што беше и про- ректор и декан.

Бил поранешен амбасадор

Член е на Советот за европски интеграции на МАНУ, експерт за поглавјето 24 во Националниот конвент за интегрција на Република Македонија во ЕУ, како и експерт за Западен Балкан во Geopolitical Intelligence Service, на Принцот од Лихенјштајн.

Од 2006-2010 година, беше Амбасадор- Шеф на мисијата на Република Македонија при ЕУ, во Брисел.

Автор е на 19 книги, во полето на меѓународното право, меѓународните односи и правото на ЕУ.

Освен албански и македонски, зборува и англиски и француски јазик.

“Постојат две причини за мојата одлука. Првата е дека само со македонски кандидати – без ниту еден Албанец – ова мултиетничко општество ризикува да скрене во моноетничка држава, а Албанците да бидат само гласачи, но не и гласани.

Втората е дека не е доволна само интелектуална критика, без да се влезе во политичка двобој со цел да се промени ситуацијата. Критиките на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот е реален. Впрочем историјата ја пишуваат државнците, а интелектуалците само пишуваат за историјата„, напиша Река на својот Фејсбук профил по објавувањето на кандидатурата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стево Пендаровски професионално: Од советник на Црвенковски и Трајковски до кандидат за претседател

Силјановска професионално: Ќе стане ли омилената професорка, првата жена претседател

(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња

(Галерија) Силјановска приватно: Има две деца, слуша рокенрол, практикува јога

(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко

Фото: Фејсбук/Река

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Вељуса се затворил дома откако прободел соселанец, полицијата го приведе со димни бомби

Редакција

Македонија може да изгуби над милјарда евра ако ги изгуби арбитражните постапки, открива ДЗР

Редакција

„Построг полициски час само за Струга“: Твитер реакции за верскиот собир

Редакција