еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 е во добра општа состојба, во болница останува до понеделник

Бојан Јовановски во моментов е во добра општа состојба и здраствена кондиција, а во „ГОБ 8ми Септември“ останува се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања, информираше директорот Христијан Костов.

„Лицето Бојан Јовановски беше хоспитализиран во нашата установа од 26.11.2019 до денес петок 29.11.2019 со упат издаден од докторот во ординацијата во КПВ Шуто Оризари. Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба.

Лицето Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здраствена кондиција, а во установата останува се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања.
Истиот се планира да биде испуштен од болничката установа ГОБ 8ми септември, најкасно во понеделник на 02.12.2019 година“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 хоспитализиран во ГОБ „8 Септември“, му се врши дијагностички преглед

Здравствениот инспекторат не утврдил недостатоци во грижата за здравјето на Боки во Шутка

Рускоска вели дека здравствената состојба на Боки 13 е во ред

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведочење на обвинет за „27 април“: Со ПП апарат прскав по пратеникот Коцев, зошто рече дека сум хулиган

Редакција

Захариева: За да Македонија влезе во ЕУ и НАТО не треба да ја краде историјата на соседите

Редакција

Коронавирусот „влезе“ во уште една штипска конфекција

Редакција