еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ученици од три основни училишта во скопски Карпош заради превенција од коронавирусот во самоизолација

Ученици од три основни училишта во општина Карпош се во самоизолација, бидејќи дел од родителите работат на Клиниката за дерматологија, а дел биле на симпозиумот што се одржал во саботата, а на кое присуствувала заразената директорка од Клиниката.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев денеска информира дека станува збор за училиштата „Владо Тасевски“, „Братство“ и „Јан Амон Коменски“.

– Уште во текот на вчерашниот ден, известивме дека на 3 март, во основното училиште „Братство“, во Тафталиџе, се одржало предавање за превенција од коронавирус (во две одделенија, од четврто и седмо одделение), од страна на докторка која е вработена на Клиниката за дерматологија.

Во своја лична изјава, докторката посочува дека пред одржување на предавањето во „Братство“, таа не била во директен контакт со директорката на Клиниката, Нина Цаца Биљановска, истакнува Богоев во изјава до медиумите.

Докторката е во изолација, како и нејзините две деца кои учат во „Братство“. На ова предавање, учествувале уште две други докторки од Клиниката за дерматологија, кои сепак како што тврдат, не биле во директен контакт со директорката, но се во домашна изолација, додава Богоев.

Исто така, три ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле се во домашна изолација, затоа што нивните родители биле дел од симпозиумот кој се одржал во ресторанот „Рагуза“.

Во „Јан Амос Коменски“ двајца ученици се во изолација, затоа што нивни родители присуствувале на симпозиумот.

– Свесни сме за паниката која се шири во основните училишта и градинки, но сакам да апелирам на смиреност и следење на здравствените протоколи. Како Општина набавуваме и дополнителни средства за хигиена за сите основни училишта и градинки, а екипите се подготвени и за вонредна дезинфекција на сите основни училишта и градинки, вели Богоев.

Додава дека претходно, при крајот на февруари, Општина Карпош спроведе редовна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите основни училишта и градинки, а вонредно се исчистени и кујните во основните училишта.

– Како локална самоуправа, формиравме и Комисија за следење на состојбата, превенција и справување со вирусот, при што на дневно нивно го следиме присуството и отсуството на ученици и наставен кадар.

Од досегашната ситуација, поголемо отсуство има во градинките (што е и очекувано за овој период од годината), а отсуството е значително помало по основните училишта. Во комуникација сме со ресорните министерства и очекуваме денеска повеќе информации и од нивна страна, вели градоначалникот на општина Карпош.

Потсетува дека сите граѓани, коа доаѓаат од ризични подрачја или имаат симптоми слични на коронавирусот, апелирам да пријават на 071 289 614 и 078 387 194.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ароганција на најјако“: Докторка „молчи“ за коронавирус, професори бараат секс и поткуп

Каков имот пријавила директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска

„Докторката која не се грижеше за сопственото здравје“: Твитер реакции за директорката Нина Цаца Биљановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Конструктор“ го доби тендерот за конзервација и адаптација на излози во Старата скопска чаршија вреден 186.000 евра

Редакција

Заврши мандатот на судијката Вангелина Маркудова: Уставен остана со 6 судии од предвидени 9

Редакција

Спасовски: Епидемиолошката состојба и легислативата причини за одложување на учебната година

Редакција