еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 бара укинување на притворот за хигиено-диететски режим во домашни услови

Првообвинетиот во слулајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 во текот на вчерашниот ден поднел ново барање за замена на мерката ефективен притвор заради спроведување на хигиено-диететски режим во домашни услови, изјави денеска неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Посочи дека е од исклучителна и есенцијална важност мерката притвор да се укине и да се спроведе хигиено-диететскиот режим, што веќе четири месеци се сугерира од многу врвни медицински установи.

„Поднесовме ново барање до Кривичниот совет на Основниот суд – Скопје за преиспитување на постоењето на околностите за понатамошно задржување на обвинетиот во ефективен притвор. Притоа ги дадовме последната дијагноза и медицински извештај, кои датираат од 4 февруари. Тоа се нашите аргументи за укинување на притворот“, изјави Дуковски.

Посочи дека постапката за укинување на притвор е итна постапка и очекува во текот на следната недела да се одлучи.

Прашан дали е поднесена тужба против приватната клиника „Систина“, како што претходно најави Боки 13 доколку се утврди дека има рак на желудник, адвокатот Дуковски, рече дека таква тужба не е поднесена.

„Ќе следат правни поднесоци во тој правец, не заради ова што се кажува, туку блиску до тоа. Затоа што се работи за некоја операција која што при консултација со врвни експерти од таа област е констатирано дека не е изведена според правилата на струката. Тоа го велат луѓе кои изведувале илјадници такви операции и во тој правец би следела евентуална постапка“, изјави Дуковски.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 на шопинг во Италија за три дена потрошил 148.000 евра

На „Рекет“ прикажани нови снимки на Камчев: Кичеец со „Луј Витон“, Боки 13 со друга торба

Ново рочиште за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки и дека има рак, судијата не дозволи одложување

Боки 13 отстранет од судницата откако и се развика на Русковска: „Господ ќе те казни за тортурата“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како ВМРО-ДПМНЕ „спроведувал избори“: Продолжува судењето за „Титаник” на СЈО

Редакција

Јанкуловска во „бомбите“ од „Титаник“: Дадовме по 2.000 евра за шиптарите и за Србите

Редакција

Премиерот Зоран Заев во 12 часот ќе им се обрати на македонските граѓани

Никола Осило