еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“

Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното прво рочиште за случајот „Рекет“ рече дека го разбрал обвинението, но оти не се чувствува виновен за двете кривични дела.

И поранешната специјална обвинителка Kатица Јанева исто така рече дека го разбрала обвинението, но и дека не се чувствува виновна.

Зоран Милески рече дека го разбрал обвинението, доброволно признал и се чувствува виновен.

Претходно лекарот Михаил Толев на излегување од Кривичниот судот кажа дека Боки 13 се жалел на болки во стомакот и на вртоглавица. Според лекарот, тоа било последица на стресната ситуација, поради што му дале инекција „дијазепам“. Додаде дека свесно може да може да продолжи да го следи судењето.

Полномошникот на бизнисменот Јордан Камчев рече дека Камчев се приклучува кон обвинението и бара оштета од 1,5 милиони евра.

Судот на почетокот на рочиштето не ги прифати предлозите на одбраната за издвојување на аудио доказите од телефонот на Јордан Камчев и видео материјалите од Боки 13, како и за одржување на подготвително рочиште за подобро запознавање на предложените докази и произнесување на одбраната по нив.

Обвинителката Вилма Рускоска рече дека за ова кривично дело не може да има оштетени, може да има само сведоци во постапката.

Судот го извести полномошникот на Камчев дека во постапката може да присуствува како јавност и дека доколку смета може да поднесе постапки за оштета.

Јовановски во меѓувреме се пожали дека и по инекцијата се уште му е лошо, на што судијката рече дека лекарот од Брза помош констатирал дека тој може да продолжи да го следи судењето.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Со доцнење поради Боки 13, почна судењето за „Рекет“

Ќе дознаеме ли конечно каде се парите: Стартува судењето за „Рекет“

(Фото) Јанева и Милески со полциска придружба донесени во Кривичен суд за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија прва во ЕУ ја одобри руската вакцина Спутник V

Редакција

Поротник си поднел оставка, за „Тортура“ на Мијалков ќе му се суди од почеток

Редакција

Претседателот на НО на Макпетрол купи акции на компанијата

Редакција