Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното судско рочиште кажа дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Вилма Рускоска, вреден четири милиони евра.
Поради тоа, побара нејзино изземање од „Рекет“. Jовановски не образложи за што станува збор, и побара совет од судијката Васка Николовска Масевска каде и како да поднесе пријава за тоа. Кажа дека се обратил до Обвинителството, но таму го пренасочиле на судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Рекет“ продолжува утре: Боки 13 сака да поднесе 19 кривични пријави
Судијката Николовска Масевска му одговори дека се што има како пријава и докази треба да ги достави во Обвинителството.
МИА/Фото: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Лила не открива зошто веќе не е пријателка со Боки 13
Лила сведочеше во „Рекет“: Дента кога го уапсија Боки 13 одевме за Миконос