еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13: Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска, имав подршка и од Заев и Спасовски

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ продолжува на 26 август, откако на денешното рочиште во Основниот кривичен суд одбраната даваше воведни зборови.

Обвинетата Фросина Ременски по судењето во изјава за медиумите рече дека самата поддршка на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е кривично дело и затоа, како што кажа, Обвинителството ниту има, ниту ќе понуди докази.

– Се доведува во прашање постоење на кривично дело, но ние секако ќе ги истакнеме сите докази што одат во прилог на нашата теза, на одбраната, а тоа е дека самата поддршка на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е кривично дело и затоа Обвинителството ниту има, ниту ќе понуди докази, рече Ременски.

Од друга страна, пак, додава таа, во понудените сведоци и докази и од нивна и од страна на останатите обвинети во предметот ќе може да се видат реални дејствија од страна на овластени лица кои имале сериозно пристапување по реализација на овој проект.

– Тоа е прашање од клучно значење за нас имајќи предвид дека и самата квалификација што ЈО ја дало на дел од сведоците зборува за непризнавање на вистинските елементи на кривичното дело помагање наспроти немањето на опис на помагањето коешто мене ми се става на товар.

Она што за мене професионало е предизвик во овој случај е секако најважната фаза во кривичната постапка, а тоа е криминалистичката методика и стандардните оперативни процедури во истражување и докажување на кривично дело измама. Ова го кажувам најодговорно, нагласи Ременски.

Адвокатот на обвинетата Јасна Ерцеговиќ, Стефан Павлески, во воведниот збор, рече дека таа не учествувала во составување на договорите за кои ја терети ОЈО.

– Јасна не присуствувала на средба во која Ардијан Амзоски предал 350.000 евра во нејзино присуство. Ќе го докажеме тоа преку исказот на сведокот.

Јасна Ерцеговиќ се што работела во „Меѓународен сојуз“ работела заради својата верба во проектот, за реализација на тој проект, не од криминални побуди, туку затоа што е активист за заштита на лицата со посебни потреби.

Од доказите може да се констатира дека Јасна Ерцеговиќ не знаела дека Бојан Јовановски, според ОЈО, спровел измама кон фирмата „Дрим билдинг”, рече Павлески.

Јасна Ерцеговиќ рече дека од денешна гледна точка и изминати 300 дена во домашен притвор не ѝ е јасно која е нејзината активност за извршување на наводната измама. До сега, како што вели таа, не сторила измама, ниту ќе стори.

Првообвинетиот Јовановски, во воведните зборови, рече дека неговиот договор со Г.П. „Пелистер“ бил преку посредници и оти тие ќе се дознаат преку кривичните пријави. Тој рече дека Мила Царовска ја донела Лилјана Тодоровска која е автор на проектот.

– Имав и прием и поддршка од Зоран Заев, за тој прием се водеше и записник, а постои и фотодокументација дека ќе се потпише меморандум за соработка со сите министерства. Поддршка сум имал и од Оливер Спасовски, рече Јовановски.

Во Меѓународен сојуз, како што рече тој, биле потпишувани договори и од други лица кои биле дел од него, а не само од Фросина Ременски. Јовановски нагласи дека ќе докаже оти не се работи за никаква измама.

Во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, обвинети се и Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерката Царовска ќе го тужи Боки-13 за клевета

Боки-13 на судењето за „Меѓународен сојуз“: Мицески и Амзоски не се мали деца за да бидат измамени

Рускоска: Парите од „Меѓународен сојуз“ завршиле во куќата на родителите на Боки-13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рама: Од ЕУ ќе побараме одвојување од Македонија

Редакција

Иванов: Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески

Редакција

Општина Бутел вработува 18 државни службеници, плата до 25.000 денари

Редакција