еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13: Преку „Рекет“ се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи

Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното судење за „Рекет“ рече дека живеел за денот кога ќе може да зборува, зошто е мета на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“.

– Преку овој предмет се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи. Точно е дека сум невработен и со блокирана сметка кога со јавен линч се уништи еден медиум. Притворот ми го уништи здравјето и ги влоши последиците од двете операции правени во болницата на Јордан Камчев, изјави Боки 13.

За некој да има реално или претпоставено влијание треба да има и реален авторитет, а единствено реално нешто во овој предмет, како што истакна Боки 13, е тоа што синот на Катица Јанева бил вработен во неговиот медиум – 1ТВ.

– Оваа обвинителката има гостувано во мојата телевизија и колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема. Ги повикувам меѓународната јавност и амбасадите на САД и Франција да го следат овој процес. Ќе сведочам за сите инволвирани во овој настан, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи, а преку мојот бранител ќе бидат поднесени соодветни пријави, рече Боки 13.

Претходно адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, рече дека не е доволно да се каже оти имало наводно влијание, туку треба и да се прашаме како е можно еден самонаречен естраден уметник да изврши влијание на главниот јавен обвинител.

– Ова е првпат во историја на Република Македонија за мислење на јавен обвинител да биде покренат цел судски процес. Но најважно е кое дело е извршено со ова наводно дело на извршено влијание, пуштање од притвор, изјави Дуковски.

Предлагаме, рече Дуковски, технички советник, за утврдување на автентичноста и времето и местото на аудио и видео снимките.

– Од предложените докази ќе утврдите дека не е можно да се извршило тоа предавање на парите, изјави Дуковски.

Тој пред Судот посочи дека од материјален аспект не може да се води кривичното дело за перење пари додека не се докаже првото дело.

МИА/Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“

Рускоска: Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една обвинителка што влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште шест лица од Ковид-19, вкупно 563

Редакција

Од кандидат за прв премиер Албанец до народен правобранител: Кој е Насер Зибери

Редакција

Нема нови препораки од Комисијата за заразни болести, граѓаните да избегнуваат посети во затворено

Редакција