еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 сведочеше во „Рекет“: Рускоска често ме брифираше на кафе и алкохол кај мене во канцеларија

Дека постои предмет „Империја“ дознав дента кога на сопствената телевизија одекна како вест дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отворило истрага против Орце Камчев, изјави денеска во судот Бојан Јовановски – Боки 13, каде сведочи за предметот „Рекет“ во кој е првообвинет.

„Категорично тврдам дека не сум знаел дека ќе се отвори предмет „Империја“. Сега знам дека целта беше да се злоупотреби моето познанство за да се запре кривичниот прогон и од оваа дистанца знам дека тоа било целта на Зоран Милески и запознавањето со Орце Камчев“, кажа Јовановски.

Нагласи дека за „Империја“ ниту знаел дека ќе се случи, ниту кога ќе се случи.

„Никогаш не сум направил нешто од тоа што беше побарано од мене од Милески. Ниту сум можел да влијаам на Катица Јанева, ниту некој можел да и влијае. Тоа ќе можев да го докажам ако имаше вештачење на мојот телефон, да видите кој се ми има пишувано дека до Јанева никој не може да допре и дека е решена да оди до крај“, изјави Јовановски.

Претходно Јовановски, кажа дека со Катица Јанева се запознал во септември 2018 кога ја барал да биде гостинка во емисија на неговата телевизија.

Конкретно за предметот „Империја“ рече дека се запознал со списите во текот на овој судски процес кога биле презентирани во судница.

За разлика од тоа дека од Катица Јанева не добил никакви информации, рече дека Вилма Рускоска често директно го брифирала за нејзините дејствија и за тоа кога и кој ден ќе повикува.

Тој кажа дека имал средби со Рускоска во неговата канцеларија, кои биле многу отворени во разговорите и на кои се пиело кафе и алкохол. Неговите тврдења одеа дотаму што ја обвини и за корупција и директна поврзаност со случајот „Дијамед“ за кој рече е директен сведок.

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, реагираше до судот да го предупреди и порача дека ако некој поседува докази против неа или кој и да е, има институции каде да се пријави, а не на ваков начин да се плука.

Судењето за предметот „Рекет”, почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милески – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милески пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За овој случај Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имаме доказ дека торбата со пари од кај Камчев завршила кај родителите на Боки 13, вели Рускоска

Боки 13 на судењето за „Рекет“: Јас прв пријавив кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал

Боки 13 на судењето за “Рекет“: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Спасовски: Санкции за секој обид за попречување на остварувањето право на глас, вклучувајќи ги и активностите на Интернет

Редакција

Твитер го „подбра“ Шилегов: „Не би било Луна парк без кафана“

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 679 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција