еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 вели дека Кичеец му ја вратил на Камчев фамозната торба „Луј Витон“

При вкрстено испрашување од страна на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на сведокот, бизнисменот Орце Камчев, на денешното рочиште за случајот „Рекет“ беше споменета и фамозната торба со пари, „Луј Витон“, која јавноста ја виде на снимка која ја објави италијанскиот весник “Ла верита“, а на која се гледа како Камчев им ја предава на Боки 13 и третообвинетиот Зоран Милески – Кичеец.

Јовановски го праша Камчев што имало во торбата, на што Камчев одговори дека имало 1 милион евра и весници, а Јовановски повторно праша дали имало и нешто друго, на што Камчев одговори дека немало.

Потоа Боки 13 го праша Камчев дали му била вратена торбата, на што бизнисменот одговори негативно.

Јовановски на тоа одговори дека во февруари Милески му ја вратил торбата и дека тоа можело да се докаже од камерите на куќата на Камчев, но остана нејасно дали торбата била вратена полна или празна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чифлиганец: Сум немал никакава средба за „Рекет“, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан

На средба со Боки 13 во неговиот дом бил и министерот Венко Филипче, откри Камчев

Камчев се „отвори“ како сведок на судењето за „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Нашата намера не е да го укинеме предметот историја

Редакција

Обвинителството на Монако постапило по барањето на нашето за предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа

Редакција

Министерката Петровска ќе го тужи пратеникот Ковачки за навреда и клевета

Редакција