еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Боки се налути за снимките на Кичеец, ќе ја отвори ли Пандорината кутија?

И осудениот во случајот “Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, кој ја призна вината и доби три години затвор го снимал првообвинетиот во случајов, Бојан Јовановски-Боки 13.

За сега поради барањето на обвинителката Вилма Русковска, јавноста да биде исклучена, не ги слушнавме овие снимки.

Во снимките со послаб квалитет од тие на бизнисменот Орце Камчев и со шумови, тој разговара со сопругата на Камчев, Ана Камчева, и двајцата сведоци во „Рекет“ и првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: И Кичеец го снимал Боки 13

Одлуката презентацијата на снимките на Кичеец да биде затворена за јавноста ги налути Боки 13 и второобвинетата поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, бидејќи според нив од снимките можело јасно да се види кој нуди поткуп и кој нудел рекет.

“Од снимките се виде дека никој не разговарал за рекет кога бил во притвор Орце Камчев, а во делот кога нуделе поткуп баш тие разговори не сакате да ги изведете. Од таму почнува приказната за мојата одбрана и мислам дека ми е нарушено правото што не се дозволува да се изведат“, рече на вчерашното рочиште Јанева.

Боки 13 пак најави дека ќе ја отвори Пандорината кутија, што и порано го има најавено во интервју пред да биде уапсен и да заврши во притвор.

„Од овој момент ја отворам Пандорината кутија. Барам да не ја исклучувате јавноста и да се види јавно мојот однос со Зоран Милески и неговата манипулација. Досега не видовме ниту еден доказ туку само сензационализам”, рече пред судот Боки 13.

Во текот на судењето за „Рекет“, Боки 13 во неколку наврати најави дека пред јавноста ќе ја презентира вистината за тоа кој се е вклучен во аферата „Рекет“, но и за тоа каде се парите од “рекетирањето“, клучното прашање за кое се уште нема одговор.

Најави за тоа имаше и на официјалните страни на социјалните мрежи на веќе згасната 1ТВ, но за сега јавноста не слушна нешто конкретно.

Постојаните најави на Боки 13 за пресврт во судењето за сега можеби му одат во прилог, имајќи го во предвид фактот дека јавноста не е убедена дека лицата на кои во моментов им се суди за аферата, се единствените инволвирани, но виси прашањето и дали навистина Боки 13 знае нешто што ние не знаеме или оваа е само “игра“ за подобри позиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Боки 13 и Камчев договарале операција за Јанева, ама не во Систина

Судење за „Рекет“: Боки 13 го советувал Камчев да признае дел од вината за „Империја„ и да плати оштета

Судење за „Рекет“: „Куферчево ти одговара со стајлингот, не бива у торба адидас да се“, му вели Камчев на Боки 13

Фото: Боки13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стабилно време до крајот на неделава, магла наутро, преку ден сончево

Редакција

Се затвораат и обложувалници, фитнес салите, се забранува одржување семинари, обуки, работилници…

Редакција

СДСМ ќе пресече: Ќе има ли предвремени парламентарни избори

Редакција