еМагазин
Image default
Македонија

Болест на судијката го одложи рочиштето за „Тотал“

Поради болест на судијката Софче Гаврилова Ефремова одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО, во кој е обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латас.

Павловиќ-Латас е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра, преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Последното рочиште за овој предмет беше одложено поради промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, што заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за затајување на данок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Титаник“: Како Миле Јанакиески и „компанија“ прибирале гласови за изборите

Редакција

Уставниот суд ќе расправа за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Редакција

МВР изрече 306 казни за неносење маска

Редакција