еМагазин
Image default
Македонија

Болеста на обвинетиот Сашко Марковски го одложи судењето за насилството во Собрание

Судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година денеска е одложено поради отсуство на обвинетиот Сашко Марковски, кој е задржан во болница откако на вчерашното рочиште му се слоши и беше повикана брза помош.

Во судница не се спроведени и останатите обвинетите кои се наоѓаат во притвор.

-Со оглед дека Сашко Марковски е хоспитализирани и потребни се уште неколку испитувања се одложуваат денешното и рочиштето закажано за утре. Судењето продолжува на 2 ноември во 10 часот, изјави претседателката на судечки совет Добрила Кацарска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со прегледување на видео снимки од безбедносните камери во Собранието.

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реакција: Институциите да и образложат на Антикорупциска како утврдиле дека нема одговорност за непотизам 

Редакција

Во Собранието сè уште не е доставена оставката на Заев

Редакција

Трајко Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Редакција