еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Болниците речиси полни, на респиратор се 5 пациенти заболени од Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно се хоспитализирани 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 5.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црн рекорд: Од корона вирусот починаа 11 лица

Чаир стигна до 363 активни случаи на Ковид-19, а Гази Баба до 148

Нови 185 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 96

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Задолжителна вакцинација за здравствените работници, а за администрацијата вакцина, ПЦР тест или потврда за прележан ковид, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Еден од обвинетите позитивен на Ковид-19: Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно“

Редакција

Во црква може, во шума не може: Чудната логика предизвика „социјален пожар“

Редакција