Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера за хоспитализација и третман на пациенти со Ковид-19 е целосно подготвена модуларната болница, со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда, информираат од Министерството за здравство.
Министерството соопшти дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации на пациенти со Ковид-19.
Тоа во изјава го потврди и министерот Венко Филипче, кој соопшти дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар – доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8 Септември“.
Појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да не трпат останатите одделенија и здравствени работници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Единаесет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, заболена и една наставничка
Вкупно 490 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија
Фото: МЗ