еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Бомбите“ на Ел Чека ќе ги слуша и ЦИА, а Заев ќе „падне“, ако не се уапсат криминалците во Владата

Продолжува објавувањето на нови и нови „бомби“ на профилот на „Ел Чека“ на Фејсбук.

Како и до сега, „бомбите„ главно се однесуваат на поранешни државни и актуелни партиски функционери на владејачката ДУИ.

Лицето кое ги објавува и кое им е познато на македонските институции, но веќе и на целата јавност, најавува уште многу нови „бомби“, и се заканува дека во консултација со неговиот адвокат ќе ги објави сите нелегално прислушувани материјали кои ги поседува, а потоа истите ќе ги испрател до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.

За да не го направи тоа, освен што веќе побара меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, сега бара да бидат уапсени сите криминалци во Владата, алудирајќи на ДУИ, оти истата ќе паднела.

“Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани и сите други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги објавам сите прислушкувања кои ги имам, во консултација со мојот адвокат, а потоа ке ги испратам во ЦИА и до Амбасадата на Соединетите Држави во Скопје“, пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ел Чека: Објавува „бомби“ од Чикаго, а по потекло е од кичевско

(ВИДЕО) Што ќе „ќари“ Кумановската група од „бомбите„ на Ел Чека?

Твитер „поцрвене“ за аудио-снимките од Ел Чека: „Со бомби дојдоа, со бомби ќе си одат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кого и што славиме на Божик?

Редакција

Кои се кандидатите: Изборот на уставни судии денеска на седница на Комисијата за избори и именувања

Редакција

Србија ја продолжи забрана за извоз на млеко и млечни производи, но не и за Македонија

Редакција