еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Борба против сушата и загадувањето: Во Македонија се подготвува колективна акција за садење на дрвја, како да се приклучите

Граѓанската иницијатива „Засади дрво, не биди трупец“ на 26 и 27 октомври ѝ се придружи на регионалната иницијатива за колективно садење дрвја.

Иницијативата потекнува од група ентузијасти во Хрватска, која масовно се шири и има масовен одзив, во заедничка акција за решавање на загадувањето, глобалното затоплување и пожарите во светот.

„Таа е надвор од секој личен интерес. Во оваа акција, за прв пат добива само планетата, и сите ние заедно. Покрај Македонија и Хрватска, во акцијата се приклучија и Словенија и Босна и Херцеговина.

Во Македонија досега се приклучија 1.256 граѓани, како и неколку основни и средни училишта, приватни компании, расадници“, велат од иницијативата.

Како можете Вие да се приклучите?

– Да засадите дрво во Вашиот двор на денот на акцијата.

– Доколку сте во можност да купите дрво или повеќе дрвја, за да се посадат во двор на некое училиште, факултет, или на место на кое има одобрение.

– Да купите дрво во ЈП Паркови и зеленило, за што ќе биде организиран посебен настан, и тоа дрво ќе може да се засади во градскиот парк, со подршка на стручни тимови. (дополнителни информации ќе бидат објавени за сите они што ќе сакаат да садат на јавна површина, во овој случај Градскиот парк.

– Да купите дрвја, доколку сте компанија, и да ги подарите на Вашите вработени, за да се засадат во нивните дворови.

– За сите останати јавни површини, дворови пред зграда, треба да се побара одобрение од надлежните институции во градот, за да се избегне непланирано садење на дрвја.

– Да не контактирате нас, и да Ви предложиме начин најдобар за Вас и околината, на кој може да учествувате. Контакт: e-mail: [email protected].

– Да бидете активен, корисен член во нашата фејсбук група, и со конструктивни предлози да допринесете за успешно спроведување на истата.

Изборот на расадникот и местото каде што може да засадите е потполно лична одлука.

Како препорака, во месец октомври се садат зимзелени дрвја (и некои листопадни), а во ноември листопадни и овошки!

„Потребно е да се напомене, дека од исклучителна важност е да се обезбеди и нивно правилно наводнување, за да не се исушат, заради се почестите сушни периоди во регионот и глобално!

Добредојдени се сите граѓани, компании, невладини, институции, да се приклучат на оваа акција, и да допринесат во раззеленување на градовите и околината, за колективно здравје и добро.

Пријавете се за учество ОВДЕ, или пратете е-маил на [email protected]“, велат иницијаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитано на еМагазин во 2019: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Редакција

Почна конститутивната седница на новото Собрание: Јагода Шехпаска на чело на Верификациската комисија

Редакција

Дали со новите мерки се прекршуваат човековите права?

Редакција