еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борисов бара ревизија на издадените бугарски пасоши: Ќе настрадаат ли „побугарчените“ Македонци?

Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Државната агенција за национална безбедност да ги проверат издадените документи за бугарска легитимација за странски државјани во последните пет години, побара бугарскиот премиер Бојко Борисов и нареди резултатите од инспекцијата да бидат достапни што е можно поскоро, пренесе бугарската агенција „Бгнес“.

Ваквата наредба доаѓа по големиот скнадал кај нашиот сосед дека функционери земале пари за олеснето издавање пасоши.

Инаку, според информациите од Бугарија во периодот меѓу мај 2017 и мај 2018 година вкупно 17.793 лица побарале бугарско државјанство, односно пасоши, а од нив најголемиот број се од Македонија.

Министерката за правда Цецка Цачева пред бугарското Народно собрание неодмна соопшти дека околу 10.000 од овие барања биле од македонски граѓани.

Барањето за ревизија на Борисов сега ја отвора дилемата дали постои можност да им бидат одземени бугарските пасоши на македонските граѓани кои ги добиле во изминативе пет години.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

105 навивачи завршија во притвор за убиството на навивачот на АЕК, ќе бидат префрлени во 16 затвори

Редакција

Град Скопје поднесе кривична за цементарницата Усје

Редакција

По најавеното зголемување на цената на горивата, повторно гужви на бензинските пумпи

Редакција