еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Борисов го испраша Мицкоски што мисли за ЕУ и за Договорот за добрососедство со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Загреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Чекам видео од сребата Мицкоски-Мицотакис“: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на „тапет“ на Твитер по средбата со Борисов

На средбата Борисов му рекол на Мицкоски дека му е многу важно да знае каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Европската Унија и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

Среща с лидера на ВМРО-ДПМНЕ Християн Мицковски

Posted by Boyko Borissov on Среда, 20 ноември 2019

Мицкоски на двете прашања одговори дека неговата партија нема дилеми околу европската перспектива на Македонија и дека исто така нема дилеми околу поддршката на добрососедските односи.

„Во рамките на конгресот на ЕНП остварив средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов. Разговаравме за актуелните политички случувања во Македонија, односите помеѓу двете држави, но и Европската перспектива на Македонија. Истакнав дека членството во Европската Унија е од стратешки интерес за Република Македонија и e клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Посочив дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ после 12 април, темелно ќе работи на спроведување на структурни реформи.

Македонија се соочува со сериозни проблеми на поле на владеење на правото, висок степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта како и неказнивоста при случаите на висока корупција.

ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи во правосудниот систем кои ќе го доведат македонското правосудство на ниво на европскиот стандард. Посочив дека сум за продлабочена соработка базирана на рамноправни основи и взаемно почитување“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил по средбата со бугарскиот премиер.

Фото: Фејсбук/Мицкоски/видео: Борисов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени нови 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 1.411

Редакција

(Фото) Политичарите денеска гласаа со семејствата

Редакција

Сузбиена криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација, приведени девет лица

Редакција