еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Борисов: Колку побргу Македонија се интегрира во НАТО и ЕУ, толку подобро за Бугарија и Грција

Колку побргу ја видиме Македонија во Европската унија и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов во неговиот говор на третиот самит во Солун, за перспективата и соработката на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

– Нема подобро место од Европската унија. И во Грција кога се појави кризата кој всушност ѝ помогна? Кој застана до неа? Европската унија. Ако, не дај Боже се појави проблем, кој ќе ни помогне? НАТО, Европската унија. Нашата поврзаност е и геостратешка во секоја област. И колку побргу ја видиме Македонија во Европската унија и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција, рече Борисов.

Бугарскиот премиер во обраќањето, ги спомена и договорите на Македонија со Бугарија и Грција и истакна дека премиерите на трите земји биле храбри.

– Сакам прво да ги поздравам Скопје и самиот себе за Договорот за добрососедство, затоа што тоа никако не е лесна работа. Точно дека вашето е малку потешко, но Заев и Алексис беа храбри премиери како и ние и даваме една исклучително важна перспектива за НАТО и Европската унија на нашите колеги во Македонија. Бивша југословенска република, долго име, да се надеваме дека во брзо време и тоа ќе се реши, рече премиерот на Бугарија Бојко Борисов во неговиот говор на третиот „Thessaloniki summit“.

МИА/Фото: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦЕФТА регионот ќе стане еден пазар

Редакција

Пендаровски и Вучиќ од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА

Редакција

Македонија и понуди помош на Грција, од грчкото МНР се заблагодарија за брзата реакција

Редакција