еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борисов се извини за „северномакедонци“: Граѓани на Република Северна Македонија, простете

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој е во посета на Македонија, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев се извини што неодамна граѓаните на земјава ги нарече „северномакедонци“.

„Извинете што кажав северномакедонци, тоа беше моја грешка. Граѓани на Република Северна Македонија, простете, но несакајќи го кажав тоа“, рече Борисов.

Тој изрази и надеж дека ќе се најде решение за отворените прашања во врска со историските личности и настани.

“Се надевам дека историчарите не само што нема да попречуваат, туку ќе вложат дополнителни напори да најдат решенија за историските прашања кои ќе не обединуваат“, рече Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев верува дека со Бугарија ќе се договориме и за Гоце Делчев

Заев: Бојко Борисов не ме повика за Орце Камчев

Заев ќе му кажал на Борисов да не не вика „северномакедонци“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на дијагностицирани со Ковид-19 надмина 10.000: Нови 152 случаи, најмногу во Скопје, Куманово, Штип

Редакција

Јанакиески реагираше по неколку слушнати „бомби“ и побара да се потврди нивната автентичност

Редакција

Албанска полиција: Груевски влегол пеш во Албанија, несомнено нелегално

Редакција