еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бранимир Јовановиќ застана зад Тевдовски: Мислев дека „метлата“ требаше да ги фати оние кои местеа милионски тендери

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ кој му беше поранешен советник на министерот за финансии во заминување, Драган Тевдовски, го соопшти својот став во врска со неговата смена.

Јовановиќ се повлече пред неколку месеци од советничкото место во Министерство за финансии.

„Кога ме праша дали сакам да му бидам советник, му кажав дека не сме, ни тој, ни јас, за овдешната политика. Неговиот одговор беше дека можеби сум во право, ама дека сепак имаме должност да пробаме да ги смениме работите.

Постојано кажуваше дека сака да биде како министерот за финансии во Данска – да не се наметнува многу во јавноста, ама системот да функционира. Мислам дека успеа во тоа. За жал, далеку сме ние од Данска. Кај нас, ако ти не се наметнуваш, некој корумпиран хоштаплер ќе се наметне, и ќе работи против тебе.

Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека „метлата“ требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа…

Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде“, напиша Јовановиќ на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ало бе што беше бруто, нето?!“: Твитер реакции оти Заев ќе биде и премиер и министер за финансии

„Метла ли е, центрифуга ли е?“: Твитер реакции за новите министри и реконструкцијата на Владата

Заев образложи зошто ќе биде и министер за финансии, Тевдовски веројатно останува советник

Заев ќе биде и премиер и министер за финансии: Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски се новите министри

фото: Фејсбук/Јовановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврокомесарот за проширување Вархеји денеска во Скопје

Редакција

Жител на Велешта со нож го нападнал началникот на Полициската станица во Струга, кој заврши во болница

Редакција

Холандија е за раздвојување на Македонија и Албанија, но нема да става вето

Редакција