еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бранко Азески: Забраната на увоз на мед и компири во Косово е популистичка одлука донесена како резултат на инатење

Со реакција по воведувањето забрана на увоз на компир и мед од Македонија во Косово, регира и претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески.

Ви ја пренесуваме неговата реакција:

„Во врска со Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, сакам да истакнам дека во целост се согласувам со ставот на мојот пријател Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово.

Впрочем вака јавно изнесен став треба да биде пример како бизнисот треба да реагира во услови кога се преземаат политички чекори за носење популистички одлуки.

Имено, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар.

Мерката е воведена согласно прописите на ЕУ за увоз на овие производи и е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Република Северна Македонија е членка од 2003 година.

Оттука воведување реципрочна мерка од косовската страна за забрана за увоз на одредени производи (компири и мед), во услови кога Македонија упатува на почитување европски правила и прописи, упатува дека станува збор за популистичка одлука донесена како резултат на инатење и попречување на добрите економски односи без основ.

Инаку, и согласно правилата на ЦЕФТА, Министерството за економија уште во јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА одговори на косовската страна по ова прашање, а исто така и Агенцијата за храна и ветеринарство ја извести косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно европската регулатива.

Во изминатиот период Агенцијата за храна и ветеринарство направи интензивни напори за надминување на проблемот со цел добивање соодветни информации за животинскиот и рибниот здравствен статус, но вакви податоци не се добиени, иако се побарани повеќе пати од ресорната институција во Република Косово.

Како што информираше и министерството за економија на нашата земја, надлежните органи на Косово истакнаа дека системот за надзор на рибни болести во Република Косово не се следи.

Согласно достапните податоци, извозот на мед во Косово во 2018 година е во вредност од 464.199 долари, додека во првите пет месеци од 2019 година е во вредност од 212.227 долари.

Од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири“, информираат од Стопанска комора на Македонија

Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово – 17.8.2019

Што вели Ѓергалиу?

Од СКМ во соопштението го пренесуваат и видувањето на Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово од17.8.2019 година:

„Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување на забрана за увоз на мед и компири од Северна Македонија, е во најмала мерка популистичка одлука, која е неразумна и е донесена во погрешно време.

Од една страна, се поставува легитимитетот на донесената одлука, затоа што е донесена од Влада која е во оставка, бидејќи Владата во заминување нема право да донесе таква одлука. Косово е во многу тешка положба, и ваквите одлуки се апсурдни и ѝ штетат на иднината на Косово.

Од друга страна, какви се анализите што претходеа на оваа одлука? Дали ќе биде тоа популизам, или станува збор за други интереси, кои навистина му штетат на Косово – како политички, така и економски, социјално и пред сè, во однос на интеграцијата и добрите односи со државите од регионот.

Оваа одлука треба да ги засега сите оние кои го гледаат Косово како дел од регионот и сакаат да го видат во едно европско семејство, како земја-модел за добрососедство.

Оваа одлука, како и Одлуката од минатата година за воведување на царинска стапка од 100% за производите од Србија и Босна и Херцеговина, придонесуваат Косово денес воопшто да не биде на листата на земји во однос на атрактивноста на привлекување на странски инвестиции, како што покажа и рангирањето на „Фајненшл Тајмс“ објавено пред некој ден.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За македонските власти забраната за извоз на компир и мед во Косово нема основа

„Трговска војна“ може скапо да не чини: Косово една од ретките земји со кои имаме суфицит во размената

Бектеши: Не се вистинити наодите на Косово, подготвени сме за разговор со факти

Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија

Фото: СКМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Високи температури од потрокалова фаза: Владата со препораки до граѓаните

Редакција

Влада: Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор и нема К-15 за 2020 година

Редакција

Блокирана сметката на „Технометал-Вардар“: Стечај и се заканува на компанијата

Редакција