еМагазин
Image default
Македонија

Бранко Героски: Само Бојан Јовановски знае зошто се препознал во моите написи

„На пат на годишен одмор надвор од Македонија, известен сум дека господинот Бојан Јовановски, кој, ако добро разбрав, се претставил како неформален сопственик на 1ТВ, изјавил дека тој е личноста за која јас пишувам во моите написи.

Колку што можев да прочитам по пат, во интервјуто на Јовановски со Јадранка Костова, се спомнуваат и други лица и се коментираат односите на сопственикот на 1ТВ со нив. Ако добро сфатив, повод за овој настап на Јовановски е одговорот на премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање, во врска со некаков настан во Битола, за кој, според премиерот, се водела истрага (подоцна е прецизирано дека Обвинителството само следело информации).

Во врска со настапот на неформалниот сопственик на 1ТВ, сакам да ја известам јавноста дека во ниту еден од моите написи кои се коментираат, јас не ги спомнувам Бојан Јовановски, 1ТВ, новинарите од оваа телевизија и сите други ликови кои биле спомнати.

Во секоја од моите приказни за големата рекетарска афера (ако на тие написи мисли Јовановски), нагласувам дека ликовите што ги спомнувам се со измислени имиња и дека секое препознавање е одговорност на оние што себеси се препознаваат или други лица препознаваат во ликовите од моите приказни.

Тоа е легална и легитимна литерарна постапка, а нуждата да се послужам со неа и со езоповски јазик, ја објаснив и во интервју за Гласот на Америка.

Најавувам дека рекетарската сага ќе продолжи со нови епизоди и со истата раскажувачка постапка.

На Бојан Јовановски му посакувам 1ТВ да ги преброди проблемите во релацијата со УЈП, а тој лично што поскоро да дојде во посед на трансакциска сметка, за да може, ако посака, да го легализира својот сопственички статус. На новинарите од овој медиум им посакувам успешна работа“, пишува на Фејсбук, новинарот Бранко Героски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојан Јовановски: Јас сум тој за кој пишува Героски и за кој се изречени лаги и сериозни обвинувања

Се води истрага за написите за „Коки“ и „Кики“, рече Заев од Собрание

Сметката на 1ТВ блокирана од УЈП, па одблокирана откако беше платен долгот

Фото: Слободен печат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска пресуда за „Монструм“

Редакција

Шест новозаразени со Ковид-19 во Дебар, активни 37 случаи

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција