еМагазин
Image default
Македонија

Братот на Сашо Мијалков, Влатко меѓу најприслушуваните во „бомбите“, вели Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во емисијата „Правда и неправда“ на 1ТВ изјави дека Влатко Мијалков, братот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков е еден од најприслушуваните во материјалите со кои располага Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Јанева рече дека тоа е необично, бидејќи прислушуваните разговори потекнуваат од Управата за безбедност и контраразузнавање, со која раководел Сашо Мијалков.

„Како може брат да биде најприслушуван? Тоа е невообичаена работа. За него се уште се дослушуваат разговорите. Има повеќе предистражни постапки за кои се прибираат докази. Ќе видиме како ќе тече постапката“, рече Јанева.

Јанева рече и дека во најголем дел од прислушуваните разговори се јавуваат поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска и новинарот, Драган Павловиќ Латас.

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупната бројка на заразени од корона вирусот е 430 лица: Потврдени нови 46, половина од нив во Куманово

Редакција

Вкупно 48 заболени од корона вирусот: Шест нови, од кои и четиригодишно девојче од Штип

Редакција

Генчовска денеска и утре во работна посета на Македонија

Редакција