еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

БРАВО: „ИГМ Трејд“ од Кавадарци со 833.876 евра дава поддршка во борбата против корона вирусот

Компанијата „ИГМ Трејд“ од Кавадарци соопшти дека во време на кризата со корона вирусот, обезбеди пакет помош по различни основи, за борба против корона вирусот.

“Парична донација од 15.375.000 денари (250.000 евра) за потребите на Министерство за здравство, префрлени на посебна наменска донаторска сметка, наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза.

Однапред извршена аконтативна уплата на данок на добивка во износ од 27.913.385 денари (453.876 евра) од кои 6.585.727 (107.085 евра) за 2020 година и 21.327.647 (346.791 евра) за 2021 година, подршка за државниот буџет и зголемување на неговата ликвидност.

Однапред извршена аконтативна уплата на данок на имот во износ од 7.995.000 денари (130.000 евра) за Општина Кавадарци, подршка за општинскиот буџет и зглемување на неговата ликвидност.

Со овој пакет помош од вкупно 51.283.385 денари (833.876 евра) сакаме да дадеме личен пример за улогата на корпоративниот сектор во македонското општество и да ги поттикнеме сите компании во државата да дадат свој придонес во борбата со корона вирусот.

Како компанија ги применуваме сите превентивни мерки доставени од здравствените власти и од Владата, бидејќи заштита на нашите вработени и на нашите клиенти е наш врвен приоритет, и упатуваме апел до сите граѓани во државата истите да се почитуваат со желби за добро здравје и брзо надминување на кризата,“ стои во соопштението на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

ЕВН донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали и 10.000 евра за приклучок на новата монтажна болница

Иницијативата на дизајнерите е полн погодок: Дневно се печатат по 1.000 заштитни маски на 3D принтери

Фото: Веб-страница на „ИГМ Трејд“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановчанката со кариера во УБК имала невалидна диплома од Универзитетот за туризам и менаџмент

Редакција

Народна банка: Депозитите се сигурни и најбезбедни во банките

Редакција

Бислимоски не очекува забраната на рускиот дизел да има сериозни импликации на цената

Редакција