еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

БРАВО! Урбан Бургер Бар за 3 дена подели 2.000 бесплатни оброци

Од Урбан Бургер Бар, од каде пред неколку дена стартува акција за бесплатни оброци за деца без родители, бездомници, социјални случаеви… информираат дека за три дена поделиле околу 2.000 бесплатни оброци.

“После долго размислување решивме да постираме дел од нашата хуманост за донирање на храна на ранлива категорија семејства и поединци. До сега поделени се скоро 2.000 оброка за 3 дена.

Наша цел е да опфатиме што повеќе деца и семејства низ цело Скопје, а можеби и со ваша помош низ цела Република Македонија.

Ветуваме не застануваме тука!

Секако и нашиот локал Урбан Бургер Бар е отворен секој ден од 09 до14 часот за добивање оброк на посочените лица.

За наредна акција донирање ќе Ве известам пак. Големо фала за сите убави зборови и пофалби од сите Вас“, пишува на нивната Фејсбук страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО! (Фото) Урбан Бургер Бар нуди бесплатна храна за деца без родители, социјални случаеви…

Фото: Фејсбук/Урбан Бургер Бар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Филипче на гости кај Блаже Сапунџиев, кој доби бубрег од младата Верица

Редакција

НЛБ Склади влегува на македонскиот пазар: НЛБ Групацијата ја зајакнува својата позиција во регионот

Редакција

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на „Технометал Вардар“ поради стечај

Редакција