еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Браво за Велес: Парите за новогодишни украси и календари ќе ги додели на 100 социјално загрозени семејства

Општина Велес годинава одлучи парите од буџетот наместо да се користат за купување нови новогодишни украси, календари и други промотивни материјали, да ги донира на социјално најзагрозените семејства. Вкупно 300 илјади денари ќе се поделат по три илјади денари  на сто социјално загрозени семејства.

Според градоначалникот Аце Коцевски, Општината на ваков начин ќе придонесе сограѓаните да имаат убави и исполнети празници со своите семејства.

-Ќе им овозможиме да ги заборават проблемите и грижите и барем за момент да ја почувствуваат топлината и радоста на празниците, потенцира Коцевски на прес-конференција.

Во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, средствата од 300 илјади денари еднакво ќе се распределат на 100 социјално загрозени семејства. Од нив, 80 семејства се од градот и 20 од населените места.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката Трајчевска побара осудителна пресуда за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

Трагедија: Починал откако со трактор паднал во провалија

Редакција

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Редакција