еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Бремена жена и дете меѓу повредените во трагедијата во Романовце

Од вкупно седум пациенти кои се здобија со изгореници при денешната експлозија што настана од плинска боца во кумановското село Романовце, четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ.

„Четворица се сместени во Клиничкиот центар и тројца во старата Градска болница. Од четворицата сместени, двајца се наоѓаат на Клиниката за пластична хирургија, тоа се двајца мажи на 60-годишна возраст и две жени на 40 и 45-годишна возраст во Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување.

Од тројцата пацинети во старата Градска болница, една жена на 40-на години е во одделот за интензивна нега, интубирана е на респираторна машина, има помлада жена од 20-на години која е бремена, во овој момент се вршат прегледи од страна на гинеколог и едно дете кое има мал процент на изгореници“, изјави Филипче.

Тој додаде дека се преземаат сите мерки на интензивно лекување во старата Градска болница каде е започната хируршката интервенција за обработка на раните на детето, и оти будно ќе се следи состојбата од експертите од пластична хирургија и од дежурните анестезиолози.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца од повредените во трагедијата во Романовце во тешка состојба

Трагедија: Три лица починаа, а седум се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малта стана првата членка на ЕУ која ја легализираше марихуаната за лична употреба

Редакција

За градоначалникот на Благоевград, македонскиот клуб е канцеларија и не е легитимен

Редакција

Ковид-19 забрзано се шири меѓу лица на возраст од 25 до 59 години низ целиот свет

Редакција