еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Брендот Shell пристигна во Македонија, отворени две бензиски станици

Корал Фуелс ДООЕЛ Скопје, како подружница на Coral S.A., започна со работа со првите две бензински станици под брендот Shell во Северна Македонија, информираат од таму.

Компанијата е официјален сопственик на лиценцата за брендовите Shell во Северна Македонија.

„Корал Фуелс влегува на пазарот во Северна Македонија преку обезбедување долгорочни договори за лиценца на брендот Shell. Договорот вклучува поддршка и трансфер на “know-how” поврзани со горивата, примена на нови технологии, воспоставување услуги и маркетинг со високи стандарди.

Во пракса, целото истражување и развој на горивата што се одвиваат на глобално ниво, ќе бидат пренесени преку бензинските станици за да бидат од корист за потрошувачите во земјава.

Корал Фуелс има намера во следниот период да инвестира со планиран раст низ целата земја со отворање нови централно лоцирани бензински станици, преку кои ќе им обезбеди квалитетна услуга на своите клиенти.

Корал Фуелс веќе работи со 2 бензински станици под брендот Shell кај Смоквица, на автопатот Пријателство близу границата со Република Грција,“ се вели во соопштението од компанијата.

Каи-Уве Витерштајн, генерален директор на пазарите со лиценца, „Shell Mobility”, изјави дека е пресреќен и горд што заедно со Coral ги носат Shell брендираните бензински станици во Северна Македонија.

„Досега со Coral остваривме многу успеси на регионалните пазари и задоволни сме што продолжуваме да растеме со нив преку договорот за бренд лиценцирање за Северна Македонија.

Овој долгорочен договор со Coral ќе му обезбеди на локалниот пазар висококвалитетни горива и масла на Shell, одлична услуга за клиентите и низа производи за секојдневна употреба, како и дополнителни услуги дизајнирани да ги задоволат потребите на сите возачи и други клиенти.

Се надевам дека клиентите ќе уживаат во искуството при посетата на услужните бензински станици од брендот на Shell“,“ изјави Каи-Уве Витерштајн.

Џорџ Хацопулос, генерален директор на Coral SA., изјави дека се задоволни што можат да им понудат на потрошувачите во Северна Македонија врвни Shell горива, како и пренесување на глобалното знаење за развојот на производите и услугите.

„Постојаната новина искомбинирана со големата групација компании кои стојат зад оваа инвестиција, создаваат единствено партнерство во нашиот натамошен раст,“ додаде Хацопулос.

Достапни во целата малопродажна мрежа од бензински станици се водечкиот диференциран бензин Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel.

Посебно дизајнираните продавници за секојдневна употреба и други специјални потрошувачки услуги, исто така ќе бидат наскоро достапни на пазарот.

Ерик Мано, менаџер во Корал С. Македонија, рече дека бензинските станици се дизајнирани според највисоките стандарди за да обезбедат целосни решенија за возачите преку воведување новини, почитување на потрошувачите и активности за општествена одговорност.

Матичната компанија Coral S.A. (поранешна Shell Hellas SA) работи во Грција од 1926 година.

Со околу 750 бензински станици кои работат под брендот Shell, компанијата има удел на пазарот што надминува 23% и е лидер на пазарот во Грција.

Coral S.A. ја поседува лиценцата Shell за пазарите Кипар, Србија и Хрватска. Компанијата има за цел да расте како регионален играч на Балканот, обезбедувајќи горива и услуги со врвен квалитет под брендот Shell.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјоделците го демантираат МЗШВ: Цената на пченицата максимум 8,5 денари

Редакција

Доктор Лазаров: Вакцините со кои се планира масовна имунизација кај нас, се дискутабилни за индискиот сој на коронавирусот

Редакција

Филипче: Народот не почитува, ќе се затворат парковите и ќе се воведат построги мерки

Редакција