еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Брилијант“ на „Витаминка“ со поддршка за серијата „Преспав“

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант како еден од реквизитите во ситком-от. Брилијант како и другите производи од Светот на вкусовите на Витаминка стана дел од оваа хумористична екранизација на македонскиот живот и ќе се испреплети со приказната, ситуациите и животите на јунаците од серијата.

За истата цел, компанијата сними и рекламно видео кое е дел од новата кампања на Брилијант и каде се вклучени дел од актерската екипа на серијата, Ула (Тијана Дапчевиќ), Марио (Васил Зафирчев), Талат (Дритон Вејсели) и Коста (Игор Ангелов).

Рекламата се снимаше во студио на МТВ, каде се снима и новата сезона на Преспав. Креативниот и тимот кој беше задолжен за реализацијата е составен од Вардан Тозија како режисер, Дејан Димески како директор на фотографија, а е во продукција на Идеа Плус.

Витаминка го поддржува снимањето на серијата Преспав уште од самиот почеток и на тој начин го помага развојот на современата македонска ТВ продукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Скопје покажа дека е град за велосипеди: Околу 2.000 лица учествуваа на “Скопје на точак“

Редакција

Во организација на Асоцијација на менаџери на Македонија во МНТ се оддржа ексклузивниот тренинг со Сем Вакнин

Редакција

Македонскиот хируршки тим распореден во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул денеска се врати дома

Редакција